Чипсот е еден од најомилените грицки како на младите, така и на постарите. Никој не останува имун на крцкавите и солени грицки кои најчесто се јадат во друштво додека се гледа фудбал или некој филм.
Сепак, маслото кое го содржи чипсот може да биде штетно за здравјето на луѓето, па затоа треба да се внимава во колкаво количество се јаде и колку често? Според истражувањата, една третина од британските деца јадат чипс секој ден, а тоа излегува дека едно лице јаде сто пакувања годишно.
Едно пакетче чипс дневно може да има ист ефект како да сте испиле пет литри масло за јадење годишно, пишува Daily Mail. Мајкл Мос, автор на книгата „Сол, шеќер и масти: Како не навикнаа на ова производителите на храна“, тврди дека чипсот е „дизајниран“ за да предизвика зависност.
Идеално би било да се јаде чипс два пати месечно, во мали порции, а изгледа дека јадењето чипс во бременоста е исто опасно како и пушењето. Не секоја храна е иста и во сè мора да се биде умерен. Затоа мора да внимавате што јадете, а крцкавиот чипс да го замените со грицки како кикиритки, лешници и бадеми.

























