Зошто уште денеска да почнете да јадете по една лажичка мед секој ден?

Оваа намирница прави чуда во организмот, полна е со ензими и нутритиенти кои обезбедуваат голем број позитивни ефекти по здравјето. Станува збор за медот кој претставува еден од најпознатите народни лекови.

Што можете да очекувате ако почнете секојдневно да користите мед:

Помало ниво на холестерол
Бидејќи не содржи холестерол, а богат е со витамини, минерали и други важни нутритиенти, медот го намалува нивото на холестерол.

Посилно срце
Антиоксидантите во медот се добра превенција од срцев и мозочен удар.

Подобра меморија
Истражувањата покажале дека медот го подобрува паметењето и го ублажува стресот.

Поздрав стомак
Секојдневно конзумирање мед ги намалува лошите бактерии во цревата и помага во зараснувањето на малите повреди на слузницата.

Поубав тен
Медот ќе го успори штетното дејство на слободните радикали, а со тоа и стареењето, а антибактериските својства ќе помогнат мозолчињата поретко да се појавуваат.

Борец против несоницата и стресот
Доколку патите од несоница, вознемирени сте и под стрес, најдобар избор е багремов мед, а ако имате проблеми со дишните патишта – липов мед е вистинскиот извор.

Извор: stipka.mk

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ