Дали сте знаеле дека медот и бананите се совршена комбинација за зајакнување на имунитетот, што помага при упорна кашлица и бронхитис? Русите со години ја користат оваа комбинација за проблеми со грлото и дишењето.
Зошто функционира? Бананата е богата со калиум и магнезиум, а медот е полн со антиоксиданти кои помагаат во разградувањето на слободните радикали и го спречуваат развојот на болести, но и го забавуваат стареењето.
Познато е дека медот помага при респираторни проблеми, а бананата му обезбедува на телото основни хранливи материи. Како да подготвите природен лек за упорна кашлица?
Состојки:
- 1 банана
- 1 лажица чист природен мед
- 2 дл вода
Приготвување: Излупете ја бананата, а потоа испасирајте ја. Загрејте ја водата до вриење, а потоа прелијте ја испасираната банана. Покријте го садот и оставете го да отстои на собна температура околу половина час. Оставете ја смесата да се излади, а потоа промешајте лажица мед.
Употреба: За да извлечете максимум од овој природен препарат, изедете ја подготвената смеса во текот на денот. Русите наведуваат дека овој природен лек делува многу брзо и додаваат дека ја ублажува хроничната кашлица и бронхитисот во рок од пет дена!

























