Овој рецепт ја спречува кашлицата уште од првиот ден на користење – еве како едноставно се приготвува. Домашниот сируп од мајчина душика и ѓумбир, велат дека кашлицата ја лекува како од шега.
Низ Интернетот кружи овој рецепт, а луѓето велат дека им помогнал уште првиот ден кога започнале да го користат. Потребни состојки:
- ¾ чаша мед
- 1,5 чаша вода (додадете повеќе ако сакате да го разредите кога сирупот ќе биде готов)
- 2 полни раце свежа мајчин душичка
- 1 парче од 4 см свеж корен од ѓумбир
Постапка: Во вода ставете мајчина душичка и ѓумбир и почекајте да зоврие, па потоа оставете да крчка уште околу 5-10 минути. Потоа тргнете од оган, додадете мед кој нежно ќе го разматите во сируп, па оставете да отстои половина час до еден час.
Потоа складирајте го сирупот во шише или тегла и чувајте го во фрижидер. Начин на дозирање: За возрасни: 3-5 лажици на ден. За деца: 3-5 лажички на ден, со консултација на лекар.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

























