Жени, игнорирањето може да ве чини живот: Телото вака ви испраќа сигнали за оваа опасна болест

Ракот на грлото на матката најчесто не дава симптоми во раниот стадиум, затоа е важно редовно да одите на гинеколошки преглед.

Иако нема јасни симптоми, телото испраќа сигнали дека во него се развива опасен тумор. Меѓутоа, овие симптоми жените за жал често ги занемаруваат и ги сметаат за неважна работа, па токму таквиот став може да ги чини и живот.

Симптомите кои воглавно укажуваат на рак на грлото на матката се вагинално крварење, иако е завршен менструалниот циклус, болки во стомакот, неможност да се истрпи мокрење и крв во урината.

Исто така, на оваа болест укажуваат и болките во коските, болките во долниот дел на грбот, отекување на нозете, губење на апетитот, нагло слабеење, чувство на поспаност, нервоза и промени во текот на мокрењето, како и промена на столицата.

Најбитен вид на превенција од рак на грлото на матката е редовен гинеколошки преглед, а поголемот дел на случаеви ако се откријат на почетниот стадиум, се излечени.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ