Eкспериментот на една жена ни откри една сосема нова и многу корисна димензија на пивото!
Клеопатра знаела дека млекото е добро за кожата. Сепак, би се рекло дека употребата на млеко за нега застаре, а сега стапија на сила нови навики за убавина. Така, една жена, наместо млеко, решила да го мие лицето со пиво една недела.
Таа не е единствената, бидејќи многу жени го заследеа овој тренд, а причината е повеќе од добра. Таа ја забележала промената по првиот ден на миење со пиво. Имено, откако го измила лицето и нежно го избришала со крпа, забележала дека кожата и е многу помека.
Следниот ден почувствувала мало трнење на лицето. Таа тоа го припишува на влијанието на пивото врз акните, кои ги имала на лицето пред овој експеримент.
На третиот ден, промената била уште повидлива. Нејзиното лице било значително исчистено од акните со кои се борела со години. Таа ова го припишува на антибактериските својства на овој пијалок.
На четвртиот ден, таа одлучила да додаде сок од лимон, а оваа комбинација ја користела во следните три дена. Покрај чистењето на порите и исчезнувањето на црнките, потемните дамки што ги имала на лицето исто така се осветлиле.
Таа тврди дека нејзината кожа сега е помека, „потхранета“ и еластична, што го прави овој седумдневен експеримент многу успешен.
Пробајте, се чини дека вреди!


























