Вашата маска за лице ве заштитува само ако го правите ова секој ден

Во овој момент во пандемијата на коронавируси, јасно е дека носењето маска, заедно со социјалното дистанцирање и редовното миење на рацете, е клучно за запирање на ширењето на КОВИД-19.

Но, само затоа што го покривате лицето секој пат кога ќе излезете во јавност, не значи дека сте целосно безбедни.

Според новото истражување, вашата маска за лице ве штити само ако ја перете секој ден..

Откритието доаѓа од неодамнешната мета-анализа во која се анализирани податоците од студијата од 2015 година за ефикасноста на маските за лице против сезонскиот грип, вирусите на настинка познати како риновируси и генетски слични коронавируси. Првичното истражување открило дека маските од ткаенина „не биле толку ефикасни како хируршките во болнички услови и дека потенцијално го зголемуваат ризикот од инфекција кога ќе се споредат со тоа што воопшто нема маска“. Но, најновиот тим на истражувачи, од Институтот Кирби на Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј, верува дека начинот на миење на маски од ткаенина во првичното истражување ги прави поверојатно да го заразат лицето што ги носи.

И маските од ткаенина и хируршките треба да се сметаат за„ контаминирани “по употребата“, се вели во изјавата на д-р Рајна Мекинтајр, која ја спроведе студијата. За разлика од хируршките маски, кои се отстрануваат по употребата, маските од ткаенина се користат повторно. Иако може да биде примамливо да се користи истата маска повеќе дена по ред, или да се испере набрзина истражувањето сугерира дека ова го зголемува ризикот од контаминација.Студијата исто така заклучила дека статистички нема разлика во заштитата на здравствените работници кои наместо хируршки маски, носеле маски од ткаенина, само доколку се исперат на соодветен начин.

Додека некој од пошироката јавност, носи маска од ткаенина веројатно нема да стапи во контакт со иста количина на патогени микроорганизми како и здравствениот работник во оддел со висок ризик, ние сепак би препорачале секојдневно перење на маските од ткаенина.

Еве неколку начини како да ја одржувате вашата маска:

1 . Перете ја маската во топла вода.

Освен ако упатството за одржување на вашата маска не каже спротивно, треба да ја перете со топла вода. Знаеме дека, ако се потопи во вода со температура од најмалку 60 степени целзиусови
10 минути, самото потопување во топла вода веројатно ќе биде доволно за да се убие коронавирусот.

2 . Користете детергент.

Детергентот ги разбива капсидите (клеточните sидови) на коронавирусот, ефикасно убивајќи го“. Само следете ги типичните упатства на машината за перење, како кога ја перете останатата облека. Редовниот детергент треба да биде доволен за да ја одржува вашата маска чиста, додека користењето на други производи со хидроген пероксид може да ја приближи вашата маска до целосно стерилизирање.

3. Не користете белило.

И покрај тоа што белилото има неверојатна моќ за чистење, тоа не е идеално кога станува збор за перење на вашата маска. Грубите хемикалии во белилото можат да ги деградираат влакната на ткаенината во вашата маска со текот на времето, што ги прави помалку ефикасни во пропуштање на вирусните честички.

4. Не ја ставајте вашата маска во микробрановата печка

Користењето на микробрановата печка за да ја стерилизирате вашата маска не е добра стратегија за дезинфекција. Всушност, ако вашата маска има метална жица внатре на лентата за нос, тоа може да претставува дури и ризик од пожар.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ