Конечно се докажа: Еве зошто се губи сетилото за вкус и мирис кај заболените со коронавирус

Веќе не е непознато дека еден од најчестите показатели дека сте заразени со коронавирус е губењето на сетилото за вкус и/или мирис, а утврдено е дека овој симптом најчесто се јавува кај помладите лица, дури и кај оние кои немаат никаков друг симптом како висока телесна температура, кашлица, респираторни тегоби…

Д-р Вивиен Ли која веќе со месеци редовно известува за новите сознанија за Ковид-19 на својот Твитер профил, неодамна објавила твит во кој објаснува дека едно 27-годишно момче без симптоми, 4 дена откако било тестирано позитивно развило и аносмија (губење на мирисот) и агеузија (губење на вкусот).

“Снимките покажуваат оток на олфакторниот булбус и на нив се гледа како изгледа по 7 и по 24 дена од дијагнозата. Станува збор за билатерален едем на олфакторниот булбус кој е поврзан со Ковид-19”, напишала оваа докторка од Охајо.

 

Олфакторниот или мирисниот булбус е всушност задолжен за примање на мирисите, долг е околу 1,2 центиметри и е со дебелина од 1 центиметар. Центриран е некаде помеѓу очите, односно на средината на главата.

Овие два симптома, Светската здравствена организација на 18 мај ги смести и на официјалната листа на симптоми.

Познато е дека вирусите кои предизвикуваат настинка можат да доведат до пост-инфективно губење на мирисот, а над 200 различни вируси влијаат на инфекциите на горните дишни патишта.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ