Варената банана може да го излекува еден од најголемите проблеми на денешницата – додадете ѝ еден зачин

Несоницата е еден од најголемите и најчестите проблеми во денешно време. И, иако има многу лекови со кои може да се ослободите од овој непријатна и вознемирувачка појава, природните решенија се секогаш побезбедна варијанта.

Во продолжение дознајте како може да се ослободите од иритирачката несоница со помош на чај од банана и цимет. Недостатокот на сон го зголемува ризикот од хипертензија, депресија, слабост и многу други болести.

За среќа, чајот од банана и цимет, кој се консумира непосредно пред спиење може да го реши овој проблем. За да го подготвите овој чај ви се потребни само 10 минути, а благодарение на него ќе спиете „мирно како бебе“.

Како да подготвите чај против несоница од банана и цимет? Бананите се богати со бета каротен, витамини Б, Ц и Е и содржат растителни влакна кои ја спречуваат констипацијата, па затоа се препорачува да се консумираат секое утро.

А сега, ви препорачуваме да ја испробате нивната моќ за добар сон и лесна ноќ, навечер во форма на чај.

Потребни состојки:

  • 1 л вода
  • 1 банана
  • прстофат мелен цимет од Витаминка.

Начин на подготовка и употреба:
Излупете ја бананата и исечкајте ја на 3-4 поголеми парчиња. Во сад на оган ставете ги бананата и 1 литар вода.

Чајот варете го околу 10 минути. Садот тргнете го од огнот. Во вака подготвениот напиток додајте прстофат мелен цимет. Чајот од банана и цимет е ароматичен и вкусен, а се пие еден час пред спиење. Резултатите ќе ги почувствувате уште по првиот ден од неговото консумирање.

Зготвената банана нема потреба да ја фрлате. Таа е мошне вкусна, па може да ја изедете.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ