Пет причини поради кои некои оздравуваат од корона, а други завршуваат фатално

Во епидемијата коронавирус, сведоци сме дека тој различно се манифестира на луѓето. Некои и не ги чувствуваат симптомите, други имаат симптоми на лесен грип, а има и онакви каде што за жал овој вирус знае да биде кобен.

Научниците се обиделе да откријат зошто е тоа така и дошле до овие 5 работи кои што влијаат на конечниот исход со коронавирусот.

1. Микробиолошка доза на инокулација.

Се однесува на тоа колкав е бројот на честички кои ја предизвикуваат инфекцијата. Ако сме заразени со помал број на честички од коронавирусот, веројатно нашето тело многу лесно ќе се избори со нив или пак нема да имаме никакви симптомии на болеста.

А, доколку во нашиот систем има голем број на тие честички, тоа понатаму во телото доведува до масовно размножување и симптомите се многу посериозни.

2. Тоа е генетиката.

Вирусот најчесто влегува во телото продирајќи низ протеините на надворешните рецептори на телото. Присуството на тие протеини варира од човек до човек, а некој кој ги нема тие протеини може да биде целосно отпорен на инфекцијата.
Таков е случајот со ХИВ, а некои луѓе немаат рецептори низ кои вирусот може да влезе, и воопшто не се подложни на истиот.

3. Патот по кој вирусот влегува во телото.

Вирусот кој што сте го вдишиле по пат на респираторните капки предизвикува поразличен имун одговор од вирусот кој што сте го внеле преку допир на заразена површина, а потоа сте го допреле лицето. Локалната одбрана на носот и белите дробови е различна, па и одговорот на телото е поразличен.

4. Силата на самиот коронавирус.

Како што сезонскиот грип не е со иста моќност секоја сезона, така и коронавирусот. Како што се шири од човек на човек, тој мутира и во тој процен некогаш му се променуваат некои важни карактеристики и вирулентности.

5. Имунитетот на човекот.

Јачината на имунитетот, доколку особено сте подложни на настинки, инфективни болести, многу одредува како ќе реагирате на оваа инфекција.

Имуниот ситем се сеќава на претходните средби со микробите и врз основа на тоа се подготвува на одбрана од новите микроби.

ИЗВОР: www.tocka.com.mk

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ