Сок од банани со мед за поголема енергија и подобра дигестија

Сокот од банани се прави многу лесно, а доколку го вклучите во секојдневната исхрана ќе забележите неверојатни промени во вашето здравје. Почнувајќи од подобра дигестија на храната, намалено ниво на стрес и зголемена енергија. А, во продолжение дознајте како да направите сок од банани.

Сокот од банана може да го подобри целокупното здравје, а особено им се препорачува на пушачите, бидејќи ги намалува штетните последици кои ги предизвикуваат цигарите.

Состојки:

  • 2 банани
  • 120 мл млеко (може да користите и растително млеко)
  • 2 лажици мед
  • екстракт од ванила по желба

Подготовка:

Бананите излупете ги и исечкајте ги на парчиња.
Во блендер или кујнски сечко ставете ги парчињата банана, млекото и медот и се изблендирајте додека добиете густи сок.

Во вака подготвениот сок од банани може да додадете по ваша желба и малку екстракт од ванила за подобар вкус.

Сокот од банани консумирајте го за време на појадокот или како енергетски пијалак пред вежбање.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ