Овој појадок спречува рак на дебелото црево : Извонреден вкус кој истовремено ќе топи и калории

Станува збор за овесна каша, затоа ви приготвивме четири причини зошто овесната каша треба да биде на вашето дневно мени.

Чувство на ситост:

Овесната каша изобулува со многу влакна што ќе ве одржат заситени од раниот утрински појадок до следното јадење. Го стимулира варењето на храната, па затоа е идеално за оние кои сакаат да изгубат на тежина.

Го намалува холестеролот:

Поради здравите влакна содржани во него, ги врзува мастите за себе и со тоа го намалува лошиот холестерол.

Го регулира крвниот притисок:

Од сите намирници што можат да помогнат во намалување на крвниот притисок, овесната каша е најдобриот избор. Богата е со растителни влакна, кои (доколку се консумираат редовно), можат да го намалат крвниот притисок за 30 проценти.

Борец против ракот:

Намирниците од цело зрно го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево, покажаа бројни студии. Овесната каша може да биде одлична за спречување на рак на дојка, јајници и простата.

РЕЦЕПТ: Овесна каша со банана и цимет

Состојки:

  • 1 чаша овесна каша,
  • 1 банана (средна големина) исецкана,
  • 1 лажица мед,
  • 1 чаша млеко,
  • 1 лажица цимет,
  • сецкани ореви.

Подготовка:
Потопете ги снегулките во млекото и оставете ги да отстојат 10 до 20 минути. Потоа додадете мед и добро промешајте. Потоа додадете ги бананите и оревите и  повторно измешајте добро. На крај, можете да додадете малку цимет.

Пријатен апетит!

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ