Спатифилум – женска среќа! Која е магичната моќ на ова растение?

Има такви растенија што ги има речиси во секоја куќа. Но, многумина дури и не го знаат нивното име, а да не ја спомнуваме нивната соодветна грижа. Спатифилум – е едно такво растение. Постои верување дека ова растение му носи среќа на својот сопственик.

Зошто се нарекува женска среќа?
Се разбира, пред сè и најважно е да постои хармонија во куќата. Но дали може да постои хармонија кога нема силно машко рамо и мали грижливи чекори. Се верува дека оваа собна билка е одговорна за благосостојбата и добрината на жените, па затоа не залудно ја нарекуваат – среќа на жените.

Ако и дадете на невенчаната девојка спатифилум, таа наскоро ќе го реши својот личен живот. Ако го подарите на мажена дама – се верува дека наскоро ќе се појави дете во семејството.

Всушност, сите растенија во куќата симболизираат нешто специфично – некаква среќа во бракот, други – пари, некои – здравје, успех и така натаму. Но, зошто точно ”spatifilum” се смета за женски покровител? Да се обидеме да откриеме.

Ова е магичната моќ на спатифилумот:
Од античко време, жените почнале да забележуваат дека постоењето на ова прекрасно растение во куќата, нужно подразбира добри промени, особено во љубоните врски. Девојките ја перонашле својата сродна душа, девојките во врска – наскоро добиле понуда за брак, а мажените жени – живееле среќен брачен живот.

Среќата дошла и во домот на жени кои долго време се обидувале да забременат, а со доаѓањето на ова растение, тие, конечно, биле воодушевени од вестите за долгоочекуваниот радосен настан. Многу подоцна, ова растение и верувањата поврзани со него станале познати.

Жените, кои веќе ја почувтвувале моќта на ова цвеќе, им носеле гранчиња спатифилум на своите пријателки кои немале среќа во љубовта, за да можат да го подведат ваквото гранче и да ја одгледуваат во својот дом, за да можат и тие да ја искусат магичната моќ на ова растение. Денес, „женската среќа“ е една од најраспространетите и омилените подароци за поубавиот пол.

И покрај фактот дека многумина не веруваат во магијата на растението, спатифилумот сигурно може да влијае на приватниот живот на неговиот сопственик, за што сведочат многу објавувања на форумите каде жените споделуваат приказни за „среќата на жените“ во вистинска и пренесена смисла.

Ако сакате оваа куќна билка да ви го промени животот, треба навистина да ја сакате, да ја негувате и да се грижите за неа, да ја наводнувате и храните.

Ако е потребно да ве исцели – оставете ја да ја почувствува вашата љубов и откријте ги нејзиното магично дејство и ќе бидете убедени дека ”женската среќа” како и верувањата во спатифилумот се навистина точни!

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ