Дали често имате немирни, непроспиени ноќи? Наутро се будите уморни со подочници и нејасни болки во телото?
Колку повеќе сакате да заспиете, толку повеќе сонот се оддалечува од вас а умот ви работи брзо и набрзо сфаќате дека речиси е утро? Нередовното спиење и несоницата може да предизвика бројни болести како што е анксиозност, стрес и депресија.
Ако размислувате за работите кои треба да ги сработите следниот ден, за семејството и проблемите, вашиот ум едноставно прави еден вид напнато размислување и не можете многу лесно да го запрете.
Без разлика на причината, нешто мора да направите за да го подобрите својот сон, а најдобро е за почеток да пробате со природни препарати и да не посегнувате веднаш по апчиња. Ова е едноставен рецепт кој има одличен вкус и прави чуда. Бананите, односно нивната кора е посебно богата со магнезиум и калиум.
Магнезиумот е одличен за превенција при пореметување на сонот, но кога е во комбинација со калиумот одлично помага и за опуштање на мускулите. Всушност, магнезиумот е еден од најдобрите минерали за опуштање.
Имајте на ум дека мора да купите органска банана без пестициди, бидејќи за овој рецепт е потребна кората.

























