Дневно, нашиот организам апсорбира околу 10 милиграми, што пак е околу 10 проценти од вкупното железо кое се внесува преку храната.
Која храна ја спречува, а која ја подобрува апсорпцијата на ЖЕЛЕЗО во организмот?
Намирници кои се богати со железо се:
- Месо,
- риба,
- црн дроб,
- јајца,
- цвекло,
- леќа,
- спанаќ,
- грашок…
Значајно е да се истакне дека 85 проценти од железото кое го внесуваме во организмот е таканаречено – нехемиско железо, односно тоа е железото кое се внесува преку растителните и млечните производи. Останатите 15 проценти отпаѓаат на хемиското железо, кое го примаме преку рибата и месото.
Важно е да се напомене дека хемиското железо има два до три пати поголема апсорптивна моќ од нехемиското железо, па така, доколку е пореметена рамнотежата во исхраната може да настане анемија.
Важно е да се знае дека супстанци кои ја поттикнуваат апсорбцијата на железото се витаминот Ц и цитратите, но има и инхибитори, кои ја оневозможуваат апсорпцијата, а тука пред се треба да се спомене кофеинот.
Па така, кога е присутна анемија и кога додаваме одредени суплементи во исхраната за покачување на железото, треба да се внимава, да не се комбинираат суплементите или храната богата со железо заедно со инхибиторите како што е кофеинот, целулозните влакна и.т.н.

























