Бразилскиот орев е јаткасто овошје пребогато со витамини и минерали, како и растителни влакна. Содржи значителни количини на железо, калциум, витамин Б1, Витамин Е, огромно количество на фосфор, манган и магнесиум. Но сепак, најзначајно е огромното количество на Селен.
Селенот е најсилен антиоксиданс, заштитник на човековите клетки од штетното агресивно дејство на таканаречените слободни радикали и другите штетни агенси. Доколку преку храната не внесуваме доволни количества селен, можеме да бидеме вознемирени, депресивни, меланхолични и хронично уморни.
Ако со храната внесуваме оптимални количества селен, се подобруваат расположението и општата здравствена состојба.
Подобрувањето на расположението најверојатно се должи на антиоксидативното својство на селенот, со што се подобруваат човековите ментални функции и овозможува подобар прилив на крв во мозокот.
Но пред да посегнете по бразилски ореви треба да го знаете и ова
Кога велиме дека бразилскиот орев содржи селен, треба да се напомене дека содржи МНОГУ селен. 100 грама бразилски ореви содржат дури 1917mcg селен, што ги надминува дневните потреби за 2739%!
Како и се друго, покрај позитивните особини, во огромни количини и селенот може да биде штетен, па дури и токсичен. Затоа, бразилскиот орев треба да се дозира внимателно и тоа 1 до 2 оревчиња на ден.
Со оглед на големината на плодот, едно оревче тежи околу 10 грама и ги содржи, па дури и ги надминува дневните потреби за селен. Значи, за добро здравје и добро расположение и енергија по еден бразилски орев на ден!

























