Како да се изборите со нискиот крвен притисок?

Заради слабиот доток на кислород и крв во клетките и органите, хипотензијата може да предизвика сериозни здравствени попречувања. Одредени намирници и препарати од лековити билки ќе ви помогнат да ти отстраните симптомите на ова пореметување.

Под хипотензија, медицината подразбира систолен крвен притисок помал од 90 mm Hg или дијастолен под 60 mm Hg, што значи дека е доволно само една вредност да биде пониска од нормалната (на пример: 115/50) за пореметувањето да се означи како низок крвен притисок.

Особено е опасен наглиот пад на притисокот, па така промената од само 20 mm Hg (пад на систолниот притисок од 130 на 110) може да предизвика вртоглавица, затоа што мозокот нагло ја губи потребната количина на крв, кислород и хранливи материи.

Доколку лекаротне може да ја открие причината за хипотензијата или пациентот не реагира на терапијата, целта на лечењето е зголемување на вредноста на притисокот колку што е можно и ублажување на симптомите.

Во зависност од возраста, здравствената состојба и типот на дијагностицираната хипотензија, со примена на терапија и одредените мерки може да се постигнат добри резултати.

Зголемен внес на соли

Наспроти постојаните предупредувања на медицинските експерти за штетното дејство на натриумот, во овој случај истиот не е толку штетен бидејќи може значајно да го зголеми крвниот притисок. Но, бидејќи голема количина на натриум во организмот може да предизвика откажување на срцевата функција, никогаш не треба да го земајте на своја рака, туку да препуштите лекарот да ја одреди дозволената доза.

Внесување поголема количина на вода

Течноста го зголемува обемот на крв и ја спречува дехидратацијата.

Носење компресивни чорапи

Тоа се чорапи кои обично се користат за ублажување на болките и отокот во случаи на проширени вени, бидејќи на тој начин се намалува интензитетот на циркулирање на крвта во долните екстремитети.

Лекарства

Особено оние за лечење на ортостатичка хипотензија, бидејќи со нив се зголемува волуменот на крв и на тој начин се зголемува притисокот. Добар резултат даваат и лековите кои го ограничуваат ширењето на крвните садови. Но, никако немојте ни да помислите да земате лекови без тоа да ви биде наложено од вашиот лекар.

Фитотерапија

Бидејќи хипотензијата настанува и како последица на лошото варење (постпрандијална хипотензија), забавена циркулација, затвор или послаб волумен на крвта, добри резултати се постигнуваат со примена на фитотерапија.

Куркума

Куркумата ги поттикнува апетитот и варењето, помага во случај на гастроинтестинални заболувања и го нормализира метаболизмот, што позитивно влијае на општата состојба на организмот.

Цимет

Помага во случај на проблем со циркулацијата и варењето, ги стимулира виталните функции, го регулира празнењето на цревата, го подобрува варењето, ги ублажува грчевите во стомакот и поттикнува воспоставување на добра периферна циркулација, зголемувајќи го крвниот притисок.

Ѓумбир

Одлично се има покажано во ублажување на стомачните проблеми, дијареа, грчеви, но и главоболка, вртоглавици и повраќања. Затоа ѓумбирот се препорачува за отстранување на симптомите на хипотензија.

Бибер

Биберот е стимулативен и енергетски зачин, кој успешно ги елиминира стомачните грчеви, затворот, желудочните киселини, недостатокот на апетит и мачнините.

Напомена: Сите овие билки и совети треба да ги примените со консултација на лекар, за да не дојде до евентуални терапевтски контраиндикации.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ