Рацете ви се постојано ладни: Бидете внимателни, може да биде симптом на ова заболување

Рејнова болест прави некои делови на телото, особено прстите на нозете и рацете да ви се вкочанат и да побелат како последица од студ или стрес. Кај оваа болест малите артерии се згрчуваат и спречуваат стабилно снабдување со крв во овие делови.

Кај жените е почеста, а се поврзува и со луѓе во ладните краишта. За многумина оваа болест не е сериозна, но може да влијае на квалитетот на животот. Симптомите се ладни раце или прсти. Промена на бојата на кожата под влијание на студ и стрес.

Кај оваа болест, обично прво побелуваат прстите, а потоа и помодруваат во внатрешноста. Како што се враќа циркулацијата на крвта во нормала овие делови на телото се вцрвенуваат, отекуваат и премногу болат. Рејновата болест, исто така може да се почувствува и на нос, уши, па дури и на брадавиците.

Потребни ви се 15 минути затоплување за да се вратите во нормала. Доколку за ова време состојбата не се подобри, веднаш посетете лекар.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ