Ако сте ги испробале сите шампони, маски и витамини и не ви помагаат, тогаш време е да ја преиспитате вашата исхрана.
Важно е да знаете дека на косата можат да влијаат разни прехрамбени производи, а меѓу нив на прво место се масните риби: лосос и скуша.
Потоа следат, кефир, павлака и јогурт. Во секојдневната исхрана би требало да вклучите и свеж, зелен зеленчук.
Прочитајте како изгледа начинот на исхрана што ќе ви обезбеди здрава коса.
Појадок – Наутро можете да пиете чај и да јадете сендвич од леб и сирење. Како алтернативен избор, појадувајте овесна каша со суво овошје и сок од портокал.
Ужина – Салата од зеленчуци со леб, јајца и една чаша кефир.
Ручек – Салата од зеленчук со растително масло. Зготвена риба со зелена салата, зачинета со лимон и маслиново масло.
Ужина – Овошје, кое било. Јаболката и крушите се најдобри за зајакнување на косата.
Вечера – Пржено пилешко филе и зеленчук.

























