Спречува рак и пропаѓање на коските, топи килограми: Ова е најздравиот корен во светот

При консумирање на ренот треба да се има на ум дека тој содржи натриум. Благодарение на своите уникатни соединенија, ренот е во состојба да помогне во третирањето на многу болести.

Лековитоста на ренот не докажана, а најмногу се користи за зајакнување на имунитетот, за намалување на притисокот и спречување на болести на коските.

Ренот е меѓу првите топ 5 природни антибиотици за оваа зима: Ја забрзува циркулацијата, ги лекува цревата, срцето и зглобовите!

Нутриционистите го препорачуваат особено на зима. Тие велат дека ренот е навистина благотворен антибиотик, освен тоа ја подобрува циркулацијата, учествува во детоксикација на телото и го забрзува метаболизмот.

Ренот е моќен чувар на човековото здравје, особено во зимските денови. Тој е природен антибиотик, корисен за подобрување на циркулацијата и заштита на срцето како и целиот кардиоваскуларен систем.

Ренот (Cochlearia armoracia) се смета дека води потекло од Западна Азија, а неговиот корен уште од древните времиња е познат на народот. Познавачите на алтернативната медицина велат дека ренот е еден од најмоќните зачини на природата и вистински дар од бога. Додека е млад ренот има пикантен и “топол” вкус, без мирис, но за време на сецкањето ренот е интензивен иритатор на очите, па скоро секогаш предизвикува солзење.

Нутриционистички статус на ренот

Млад и свежо исецкан рен содржи околу 100 мг витамин Ц во 100 грама рен, што го става ренот на високо место на листата на намирници богати со витамин Ц. Ренот содржи високо ниво и на калциум, калиум, магнезиум, фосфор, гликозит, глутамин, глукоза, кисел сулфат, како и етерични масла од каде и потекнува неговата пикантност.

Нутриционистите го препорачуваат особено на зима. Тие велат дека ренот е навистина благотворен антибиотик, освен тоа ја подобрува циркулацијата, учествува во детоксикација на телото и го забрзува метаболизмот. Поради сето ова ренот би требало да ни биде чест избор особено во ладните зимски денови и сезоните на грип и настинки.

Употреба

Ренот се употребува во текот на целата година. Најчесто од него се приготвуваат чаеви, сирупи и разни облоги. Тој е особено корисен кога се работи за дигестивниот систем – само 15-20 капки на сок од рен може значително да го подобрат варењето на храната, на начин што ќе го стимулира лачењето на желудниковите и цревните сокови, помага во репарација на дигестивниот епител и што е најважно помага во обновување на нормалната цревна бактериска флора, што е клучен услов за добро варење на храната.

Луѓето уште од многу одамна го користеле ренот против воспаленија на белите дробови, кивање, за искашлување, гихт и скорбут. Познавачите на алтернативната медицина ренот особено го препорачуваат кај луѓе со бубрежни проблеми и кај дијабетичари. Тие велат дека тој би требало да биде во топ 5 најкористени намирници особено во зимскиот период, бидејќи неговите придобивки се навистина големи. Интересен е фактот што многу народи низ вековите наназад на ренот му препишуваат и афродизјачки моќи.

Како најлесно да ги искористите здравствените придобивки од ренот – неколку рецепти од народната медицина

Со рен до здраво срце и крвоток

Потребни состојки:

  • 5 лажички сок од морков
  • 5 лажички нарендан рен
  • 3 лимони
  • околу 200-300 мл мед или колку што е потребно за да се дополни теглата
  • 1 стаклена тегла

Подготовка:

Сите состојки промешајте ги заедно, лимоните исцедете ги заедно со другите состојки, смесата ставете ја во тегла и чувајте ја на ладно и суво место. Земајте секој ден по една супена лажица три пати на ден.

Чај од рен за јакнење на белите дробови

Состојки:

  • 10 грама рен
  • 200 мл зовриена вода

Подготовка:

Откако ќе го приготвите чајот на ист начин како и секој друг, поделете го во три дози, и истиот пијте го трипати во денот, подгреан на темперетура околу 40 степени.

Со рен до подобра дигестија

Состојки:

  • 1 литар бело вино
  • 50 г корен од рен

Подготовка:

Во еден литар бело вино ставете го ренот, затворете го и оставете го на темно место да отстои, потоа секој ден пијте по 100 мл после јадење.

Со рен против настинка

Состојки:

  • 1 поголем корен рен,
  • 1 лимон – сок

Подготовка:

Ренот изрендајте го и додадете го лимоновиот сок, затворете во тегличка и ставете го во фрижидер. Земајте по една лажичка повеќе пати во денот од смесата, помеѓу оброци.

Напомена: По земањето на некои од овие рецепти на грлото можеби ќе осетите горење, а на очите солзење. Земањето вода веднаш по смесата не се препорачува.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ