Собно цвеќе кое многумина го имаат, а може да ве убие за момент

Ова цвеќе се вика Дифенбахија.Тоа е украсно растение, кое многу често е застапено во нашите домови, станови, канцеларии. Тоа е омилено цвеќе на многумина, но е многу опасно, пишуваат експертите.

Ако се лижне само парче од листот, настапува жестока болка во устата, а за една недела, невнимателна личност може и да занеми. Ако сокот од оваа билка допре до очите, предизвикува слепило.

За време на бришењето прашина од листот, може да се јави црвенило и чешање на кожата. Поради тоа, оваа билка би требало да се отстрани од домовите и нашето животно опкружување, посебно ако таму престојуваат деца. Оваа билка може да биде кобна по децата.

Ако, сепак не сакате да се ослободите од неа, внимавајте – кога ја допирате имајте ракавици на себе, а по отстранувањето на сувите листови или прашината од цвеќето, добро измијте ги рацете и ставете ја на место надвор од дофат на детските рачиња.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ