Ослободете се од болките во грбот за 2 минути: Се што ви треба е само ремен

Доколку работата ви налага да седите пред компјутер цел ден со тек на време ќе почнете да чувствувате одредени непријатности и болка во грбот. За да се ослободите од болката, за оваа едноставна вежба од две минути ви треба само ремен.

Во прашање е јога вежба која не треба да ве загрижува доколку од прв обид не успеете да ја направите.

Легнете на грбот со свиткани колена. Потоа исправете се и подигнете ја десната нога под агол од 90 степени, а ременот ставете го на стопалото и држете го така. Доколку ви е тешко да го направите тоа, подигнете ја ногата од подот, под поголем агол, колку што можете, но внимавајте вашата нога да биде секогаш исправена. Истото направете го и со левата нога.

Повторете ја вежбата, но овој пат со исправена нога на подот. Целото време обидете се да дишите длабоко, тоа дополнително ќе ве опушти.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ