Препознајте ги на време – знаци кои укажуваат дека шеќерот во крвта ви е висок

Како да препознаете дека нешто не е во ред во вашиот организам, односно дека инсулинот не си ја врши својата функција оптимално?

Како што веќе споменавме, високиот шеќер во крвта не значи и нужно дека имате дијабетес. Тоа е само еден симптом на дијабетесот.

Високото ниво на шеќер во крвта може да се препознае по голем број симптоми, меѓу кои:

  • -сува уста
  • -жед во поголемиот дел од денот
  • -честа потреба за мокрење, особено навечер, за време спиење
  • -честа глад
  • -хроничен замор
  • -сува кожа и јадеж
  • -дебелеење и вишок масно ткиво околу стомакот
  • -слаба концентрација
  • -замаглен вид
  • -чести инфекции
  • -неугодност во желудникот
  • -проблеми со нервите
  • -потешко зараснување на рани
  • -импотенција

Доколку ги имате овие симптоми или се сомневате на висок шеќер во крвта, задолжително посетете лекар и направете ги потребните тестирања.

Ако нивото ви е на висока граница, не започнувајте веднаш со лекарства, туку сменете го стилот на живеење и започнете да се храните правилно.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ