





Резултатите кои ги добиваме кога мериме крвен притисок може да укажуваат на здравствени проблеми, а за дијагнозата да биде прецизна, од клучно значење е да ја користиме вистинската рака.




Систолички крвен притисок (горниот број) – тој е повисок на левата рака поради тоа што таа е поблиска до срцевата комора која пумпа крв.




Диастолички крвен притисок (долниот број) – претставува останат/минимален крвен притисок во крвните садови. Овој број треба да биде сличен на двете раце.




Лева рака – оваа ракапо правило се користи за мерење крвен притисок поради стандардизација и полесно следење на промената во крвниот притисок.




Понекогаш луѓето кога го мерат притисокот во домашни услови прават грешки. Земете го вашиот апарат за мерење на крвниот притисок и измерете го пред лекарскиот преглед.




Доколку тој соодветствува, тогаш вашиот апарат е исправен, доколку измерениот крвен притисок на лекарскиот преглед се разликува од притисокот измерен дома тогаш вашиот апарат не е исправен или вие грешно го мерите притисокот.

























