Сурутка: Го обновува црниот дроб, го намалува ризикот од мозочен удар и го зајакнува имунитетот

Сурутката е течност која се добива од кравјо млеко при процесот на правење сирење. Мошне е богата со минерали, витамини, аминокиселини, протеини и други соединенија кои се здрави за нашиот организам.

Минералите кои ги има во сурутката го одржуваат тонусот на клетките па така спречуваат висок крвен притисок, мозочен удар и инфаркт. Протеините од друга страна спречуваат остеопороза, го регулираат холестеролот, спречуваат наталожување на забен камен, ја зголемуваат мускулната маса, го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат стресот и што е најважно, го обновуваат црниот дроб.

Треба да знаете дека интензивната исхрана со сурутка во сите нејзини оргинални или дериватни облици доведува до брза регенерација на болните места во организмот.

Еден од начините за подготовка на сурутка:

Еден литар млеко оставете да зоврие. Во врелото млеко додадете сок од лимон. На еден литар млеко одговара сок од еден лимон.

Оставете да се олади. Оладено млекото исипете го во шише. Ставете го во фрижидер.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ