Научници од САД определија која е смртоносната доза кафе на ден. Веќе е познато колку чаши кафе може да имаат негативен ефект врз здравјето на луѓето или дури и да ги убијат.
Научни соработници од Универзитетот на Јужна Каролина, САД, како резултат на истражувањето спроведено од нив се дојде до заклучок дека големо количество кафе може не само да му наштети на човечкиот организам, но и да го убие.
Експертите дојдоа до овој заклучок откако анализираа податоци од 44.000 волонтери на возраст од 20 до 87 години.
Според експерти, по испиената одредена доза кофеински пијалок во крвта се зголемува адреналинот, а тој го блокира ослободувањето на инсулинот.
Затоа, откриено е дека четири чаши кафе дневно се во можност да го зголемат ризикот од смрт.
Освен тоа се зголемуваат низа негативни ефекти, доколку човек пие поголема доза кафе и пуши, истакнуваат истражувачите.




















