Ако сте забележале дека имате лош здив или тоа го забележале некој од вашите блиски, а притоа користите паста, конец и течност за заби кои не вродуваат со резултат, причина за непријатниот здив може да се крие во казеозните (гнојни) чепови во грлото.
Тоа се бело-жолтеникави наслаги на крајниците со многу непријатен мирис, кои по правило се јавуваат како резултат на хронично воспалително заболување на ждрелото и крајниците – тонзилитис.
Народната медицина располага со низа средства за елиминирање на тонзилните чепови:
-Испирање со сода бикарбона
Во 200 мл превриена (топла) вода растворете ½ кафена лажичка сода бикарбона, ½ кафена лажичка сол и 2-3 капки јод. Активно испирајате го грлото со овој раствор неколку пати дневно, зафрлајќи ја главата наназад. Течноста не треба да се голта.
-Билна смеса за испирање на грло:
- 3 дела лист од жалфија
- 3 дела цвет од камилица
Лажичка од оваа мешавина прелијте со чаша врела вода, оставете половина чаша па процедете. Испирајте го грлото 5-6 пати дневно.
- 2 дела евкалиптус
- 1 дел ленено семе
- 2 дела камилица цветови
- 2 дела липа цвет
Билките иситнете ги. Една супена лажица од мешавината прелијте со 200 мл врела вода во порцелански сад, покријте и оставете половина час да отстои. Процедете и испирајте го грлото со топла тинктура, 4-5 пати дневно. При крај на испирањето полека испијте и неколку голтки.
– Добро помага и џвакање на свеж лимон.
После тоа еден час не треба ништо да јадете, за да им се овозможи на етеричните масла и лимонската киселина да делуваат врз воспалението на слузокожата од грлото. Оваа постапка треба да се повторува на секои три часа.
-Уште еден проверен, едноставен, но многу ефикасен рецепт од руската традиционална медицина за лекување на воспалено грло и крајници. Ќе ви биде потребно едно поголемо цвекло и 9% алкохолна киселина.
-на 250 г изрендано цвекло додадете 1 супена лажица оцет (на 500 грама – супени лажици)
-промешајте и оставете да отстои 15-20 минути
-добро процедете низ газа или пластична цедалка. Остатоците од цвеклото можете да ги изедете.
Испирајте го редовно грлото, на секои 2-3 часа (можете и да го пиете за подобар ефект) и ќе забележите резултати! На овој начин цвеклото успешно лекува хронично воспаление на грлото и гнојна ангина.
Не се препорачува самостојно истискување и вадење на гнојот поради можни повреди на крајниците и грлото. Најдобро е да посетите лекар.
Видеото во продолжение е демонстрација на тоа, што се’ може да биде наталожено во крајниците:

























