Чичокот е билка која се смета за кралица на речните брегови, ливадите и полињата, а помага за многу болести.
Помага за прочистување на крвта, помага при оштетена коса, а се употребува и за настинка и температура. Лекува и камен и песок во бубрегот, мочните патишта, воспаленија на желудникот, цревата, црниот дроб.
Лековит дел од растението: коренот, листовите и семките се користат како лек. Двогодишниот корен се бере во пролет и есен, листовите се уште млади, а семето кога ќе бидесозреано.
Лековити својства: Коренот делува противотровно, го забрзува излачувањето на урината и потта и ја прочистува крвта. Се користи и во лекување на венерични болести, сите видови чиреви, гихт, застарени ревматски заболувања, водени болести и труење со жива.
Чајот од млади листови се користи во лекување на стомачни тегоби и надуеност, а е добар лек за разни осипи, чиреви, гнојни рани и чиреви во устата. Семето се користи кај сите болести за кои се користи и коренот и листот, но семето е посилно.
Семето се користи и за добивање на чичково масло кое се покажало како многу ефикасно во борбата против првутот, опаѓање на косата и ќелавоста.

























