Не можете да ги отстраните митесерите, а потрошивте многу пари на скапи препарати? Оваа маска, ако редовно ја користите ќе ви помогне во намерата, а за неа ви е потребно само едно јајце.
Ако ја направите еднаш, никогаш нема да прекинете, бидејќи ефоктот е очигледен после првата употреба. Маската делува како лента за чистење на лицето, која ја применуваат во козметичките салони .
Потребно ви е …
- 1 јајце
- Салфетка
Начин на подготовка:
Ги двоите белката и жолчката, а потоа ги мешате(посебно). Го чистите лицето. Изматената белка ја нанесувате на лицето.
Преку белката од јајцето ја ставате салфетката. Доколку ви останало од белката можете да ја нанесете и над салфетката. Почекајте 20-30 минути, додека се исуши јајцето.
Салфетката ќе стане тврда како корица. Нагло отсранете ја салфетката, а потоа измијте го лицето и веднаш намачкајте го со изматената жолчка за да омекне кожата на лицето. Почекајте 10 минути и повторно измијте се.
Маската не се препорачува за осетлива и сува кожа.

























