Како да ги излечите болките во грлото и крајниците за само 4 часа!

Денеска ви предлагаме еден народен и многу ефикасен рецепт за лекување на воспаление на грлото и крајниците, кој гарантира брзо опоравување, во полесните случаи – за само 4 часа!

Напиток против воспаление на грлото и крајниците – рецепт: 80гр измелени семки од ким (кимел, обичен ким, лат. Carum carvi) полиете ги со 200мл вода и варете 15 минути.

Ќе добиете густа растеглива маса, која личи на талог од кафе. Процедете и додадете 50мл вода па повторно нека зоврие. Отстранете ја од огнот и додадете 1 лажица коњак. Вашиот лек е подготвен.

Како да го конзумирате напитокот

Пијте секои 30 минути по една лажица. По 2 часа болката во грлото полека ќе исчезнува и полесно ќе голтате. После 4 часа можете да го завршите третманот. Можете да пиете и подолго, во тешки случаи.

Овој напиток се препорачува на сите кои се склони на настинки, често имаат воспалено грло и крајници.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ