Листовите од свежата коприва изобилуваат со витамините Ц, А, Б2 и К, каротен и пантотенска киселина, калциум, фосфор и железо. Со еден збор, во нив се крие вистински провитамински концентрат.
Копривата ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсичните материи од организмот. Научно е докажано дека го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа им се препорачува на лицата кои боледуваат од дијабетес.
Докажана е делотворноста на копривата во запирање на крвавењето, па често се користи при обилни менструални циклуси, крвавење од матката и слични состојби. Исто така, копривата помага во намалување на високиот крвен притисок.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!




















