Многу жени се жалат дека и покрај тоа што се придржуваат до режим на здрава исхрана, диета или редовни тренинзи, никако не успеваат да се ослободат од вишокот масни наслаги на стомакот.

Причината за тоа може да бидат навиките со кои самите себеси се спречувате на патот кон остварувањето на целта, а ова се петте најчести причини поради кои се дебелеете на стомакот и не можете да го сопрете тоа!

1. Недостиг на магнезиум – На телото му треба магнезиум за да овозможи нормална работа на срцето, нервниот и мускулниот систем, а учествува и во активирањето на работата на повеќе од 300 ензими што регулираат бројни процеси во телото. Исто така, магнезиумот влијае и врз симнувањето килограми и обликувањето на телото.

Совет: Консумирајте храна богата со магнезиум, како зелен листест зеленчук, грав, мешунки и јаткасти плодови.

2. Премногу сол – Ако по солен оброк ви се јави чувство на подуеност, немојте да се чудите – премногу сол во организмот може да предизвика префрлање на водата од крвотокот во кожата. Неверојатен е податокот дека дури 90 отсто од луѓето ја пречекоруваат препорачаната дневна доза на сол, која изнесува само 4 грама, што дополнително го отежнува слабеењето во пределот на стомакот.

Совет: Одбегнувајте да додавате сол во храната – намирниците содржат онолку колку што треба! Ако никако не можете да се откажете од тој вкус, користете зачини како чили, бибер, ѓумбир, рузмарин или цимет.

3. Газирани пијалаци – Газираните пијалаци се вистинска ризница на празни калории кои и тоа како го зголемуваат обемот на вашиот струк! Само две чаши од овие напивки дневно предизвикуваат таложење масни наслаги во пределот на струкот дури 5 пати побрзо, бидејќи големата количина на шеќер во нив го зголемува апетитот, па јадете повеќе одошто ви е потребно.

Совет: Одберете поздрава алтернатива – пијте природни овошни сокови. Исто така, држете се до правилото „осум чаша вода дневно“, а што почесто пијте и чаеви, по можност без шеќер.

4. Недоволно сон – Ако постојано сте уморни и ненаспани, не е ни чудно што не можете да го отстраните салото од стомакот. Истражувањата покажале дека жените кои спијат само пет часа имаат 32 отсто повеќе шанси да качат вишок килограми. Поради недостигот на сон, јадете повеќе масна храна во текот на денот, бидејќи поради тоа се лачи повеќе грелин, хормон за глад.

Совет: За да го регулирате апетитот, спијте од седум до девет часа во текот на ноќта. За да имате поквалитетен сон, исфрлете ги од собата сите уреди и секој ден проветрувајте ја. Држете ја собата малку поладна од остатокот од станот. Навечер одбегнувајте кофеин и обидувајте се секој ден да станувате во исто време.

5. Погрешни маснотии – Телото не реагира исто на сите маснотии – високата количина на заситени масти го зголемува таложењето масни наслаги. Од друга страна, незаситените масти што содржат омега-3 масни киселини дејствуваат противвоспалително и имаат позитивен ефект на телото и на линијата.

Совет: Внимавајте на количината на маснотии и балансирајте ја исхраната, бидејќи премногу масти од кој било вид нема да имаат добар ефект на вашата фигура.