5 најрани симптоми на канцер на желудник: Знаци кои телото ги испраќа кога во вашиот организам се развива опасен тумор

Карциномот е сè почеста болест која погодува поголем дел од луѓето, покажуваат резултатите од истражувањата.

За среќа, болеста може да забави, но исто така во поголем дел од случаите да се излекува доколку се открие навреме. Многу е важно да го слушате вашето тело и да ги следите сигналите кои ви ги испраќа.

Истражувањата покажале дека од овој облик на карцином, најчесто заболуваат мажите постари од 55 години и луѓето кои долго време се пушачи и кои не внесувале доволен број на растителни влакна по пат на храната или пак јаделе презачинета храна.

Црвеното месо во преголеми количини може исто така да биде поттикнувач на создавање на канцер на желудник, се наведува во спроведената студија. Пред болеста да напредува, се јавуваат симптоми кои можат да бидат сигнали дека нешто не е во ред:

  • проблеми со варење на храната
  • надуеност и гасови кои траат со денови
  • немате чувство на ситост по обилен оброк
  • мачнини и повраќање
  • болка во стомакот

Ова се најраните симптоми кои не треба да ги занемарувате. Како што болеста напредува исто така може да се појави и крв во столицата, лош апетит, губење на килограмите, замор, анемија, жолтило на кожата или во очите.

Докторите нагласуваат дека канцерот на желудник е излечив доколку се дијагностицира навреме.

Advertisement