Ако имате зрела банана во вашата корпа за овошје, која полека почнува да скапува, имате 2 опции. Еднaта е да ја искористите за подготовка на леб од банана, а другата е да направите маска за лице.

Одамна е познато дека освен што има пријатен вкус и висока хранлива вредност, ова овошје е добро за кожата и косата. Богато е со калиум и минерални соли, а хидрира, лечи и смирува, па може да се користи сама или во комбинација со други состојки што ги имате дома.

Денес решивме да ви претставиме неколку начини на кои можете да подготвите третман во топлината на вашиот дом со банана во главна улога.

1. Хидратантна маска

Состојки:

  • 1 банана
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка јогурт

Постапка:

Измешајте ги сите состојки додека не добиете кремаста смеса, па нанесете ја рамномерно на лицето и вратот. Оставете да отстои 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

2. Маска за длабоко чистење на лицето

Состојки:

  • пола банана
  • 1 лажичка незасладен какао во прав
  • 1 лажичка прав од глина

Постапка:

Прочитајте ја претходната постапка, бидејќи освен состојките, сè е исто.

3. Маска против брчки

Состојки:

  • 1 банана
  • 2 лажички мед

Постапка:

Во сад изгмечете ја бананата и додадете мед, па оставете ја настрана додека смесата не порумени. Потоа нанесете на лицето, и оставете да делува околу половина час, а потоа исплакнете со топла вода.

4. Матирачка маска за лице

Состојки:

  • ½ банана
  • 2 лажички овесна каша или брашно

Постапка:

Повторно, треба да ја изгмечете бананата, потоа додадете ја овесната каша, добро измешајте и рамномерно нанесете ја на лицето. Оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

5. Хранлива маска за коса

Состојки:

  • 1 банана
  • 2 лажички јогурт со малку маснотии

Постапка:

Мешајте ги состојките добро, додека смесата не стане хомогена, па нанесете ја на влажна коса и почекајте околу половина час. Потоа, добро исплакнете и измијте ја косата на вообичаен начин.