Зошто жените живеат подолго од мажите ?

Жените живеат подолго од мажите. Тоа е неправедно, но точно. Во развиените земји, просечната разлика е десетина години. Во сиромашниот свет, разликата е помала, што се должи на ризиците на породувањето. Но, тоа секаде е така. А, прашањето е зошто ?

Одговорот може да биде на две нивоа. Биполог – еволуционист би рекол дека причината е тоа што жените добиваат еволутивни бонус- поени за долг живот за да помогнат во одгледување внуци. Спротивно од нив, мажите се трошат натпреварувајќи се за правото, пред  се , да создаваат. Тоа веројатно е точно, но не и помага на медицинската професија.
bolesti na srceto
Сепак истражувачи од Универзитетот „ Џон Мурс“ во Ливерпул, Англија дојдоа до медицински корисен одговор. Тоа е дека 70 годишните мажи имаат срца на 70- годишници, додека срцата на женската генерација 70-годишни потсетуваат на срцата на 40- годишни. Се правени испитувања на 250 доброволци на возраст од 18-8о години во текот на две години. Сите доброволци беа здрави, но физички неактивни. Основниот резултат од истражувањето беше дека моќта на машкото срце опаѓа за 20- 25 отсто во периодот меѓу 18 – 70 години, додека на женските срца останува иста.При тие испитувања е утврдено дека мажите губат една третина од контахираните мускулни клетки во зидовите на срцето. Во истиот период жените едвај изгубиле по некоја клетка. Мистериозно е прашањето зошто мажите ги губат тие клетки, а жените не ? Сепак и не е се така лошо за мажите. При слични испитувања е утврдено дека срцата на машките спортисти се моќни како и на оние 20- годишни мажи. Но, дали мажите навистина можат да ја вратат загубената срцева функција по период на неактивност и слаба исхрана? Дали некогаш е предоцна да се почне со вежбање ? Мислам дека  одговорот е не- вели
д-р Годспинк. Срцеви придобивки се стекнуваат со внимателно вежбање без оглед на возраста. Ако сте маж и ако стареете направете го тоа.

Advertisement