Заборавање – каков процес е тоа?

zaboravanjeПроцесот на губење на промените создадени за време на учењето се нарекува заборавање. Кога би го поставиле прашањето зошто забораваме, научниците даваат голем број објаснувања, но сеуште ни едно од нив не може да се земе како сосема точно.

Според некои автори причини за заборавање можат да бидат судирање или мешање на две или повеќе содржини и при тоа едната содржина спречува да се запомни другата содржина или обратно , што се нарекува инхибиција. Таа може да биде ретроактивна и проактивна. Кога сегашното учење ја отежнува репродукцијата на она што порано е учено, станува збор за ретроактивна инхибиција, додека проактивната инхибиција се објаснува дека она што порано сме го учеле ја отежнува репродукцијата на она што сега го учиме.

Оштетувањето на слепоочните делови на мозокот, атрофични процеси, мозочни трауми, инфекции и други патолошки појави го зголемуваат процесот на заборавање и доведуваат до повеќе растројства на помнењето.

Advertisement