Оваа болест е една од најчестите болести на усната шуплина. Се појавува и кај деца и кај возрасни, а може да биде предизвикана од многу причини. Главни знаци на воспаленијата се: силно црвенило и отоци на целата слузница на устата и јазикот,болно жарење, блуткав и горчлив вкус и одвратен мирис. Јазикот е обложен со дебел сиво-бел слој, а на рабовите често можат да се забележат меури. Болеста е непријатна при што се губи апетитот, а говорот е проследен со болка

woman using mouthwash

РЕЦЕПТ

По 30 грама лист чичок,толчени семки на пискавица, лист од боровница, 20 грама жалфија и 10 грама стебло или плод од анасон. Се вари и се прави гаргара.