Вербата во моќта на потсвеста води кон исцелување

oko Момчето што доаѓаше на моите предавања за исцелителска моќ на потсвеста одненадеж заболе. Почна нагло да го губи видот и лекарот му советувал итна операција. Момчето на тоа си рекло самото на себеси:„ Мојата потсвест ги направи моите очи, она ќе ги излекува“.

Секоја вечер, пред одење на починка, се доведуваше себеси во медитативна  положба налик на сон. Притоа своето целокупно внимание го насочувал на очниот лекар. Всушност го замислуваше лекарот како стои пред него и го слушаше или замислуваше дека го слуша како му вели: Се случи чудо! Оваа иста реченица безброј пати ја слушаше секоја ноќ пред да падне во вистински сон. Со секој ден го чуствуваше исчезнувањето на симптомите на болеста. По три недели, го посети својот офталмолог кој по деталниот преглед со вчудовидување му рекол „Ова е вистински чудо“!

Што, всушност, се случило? Момчето извршило силно влијание на својата потсвест користејќи го лекарот како иструмент, односно како средство за убедување и пренесување на саканата идеја. Потсвеста не можеше да одолее на непрестајните повторувања зад кои стоеа вербата и надежта. Значи, потсвеста му го вратила здравјето на окото, едноставно постапила според совршениот образец на окото што го има.Тоа е уште еден пример дека вербата и моќта на потсвеста донесува исцелување.

Извадоци од книгата „Моќта на потсвеста“

Advertisement