Интимното започнување на денот ја води вашата врска до ново емотивно ниво, се одразува позитивно на расположението и здравјето, покажуваат новите студии кои докажуваат дека денот треба да почне со секс, а не со кафе.

Дури и секое утро да си велите “Те сакам” и тоа да ве тера да се чувствувате одлично, демонстрацијата на љубовта не е доволно . Со секс вие се зближувате со партнерот не само физички, туку и емотивно. Денот ви започнува со љубов и желба за убави и пријатни чувства.

Сексот наутро заменува гимнастика или џогирање, бидејќи ги оптоварува сите мускули истовремено. Сигурно во кревет со партнерот можете да изгорите многу повеќе калории отколку ако седите и пиете кафе. Друго истражување покажува дека сексуално активните луѓе работат понапорно.

Неверојатно е и колку здравствени придобивки има од утринскиот секс. Нема потреба да користите шминка, бидејќи лицето ќе изгледа свежо и со гламурозен природен тен.

Сексот го зајакнува имунолошкиот систем, го намалува ризикот од срцеви проблеми, го намалува крвниот притисок благодарение на високите нивоа на окситоцин, кој се произведува за време на возбуда.