Убавината доаѓа од внатре !

beautiful-girl-2012-you-make-my-life-happy_1280x1024_96509

Надворешниот изглед, убавата шминка, гардеробата, сето тоа секоја девојка цели да го има и покаже пред другите. И вие сте една од девојките која го поседува тоа, но длабоко во себе осеќате празнина, не сте вистински исполнети, се чуствувате дека никој не ве разбира, проблемите во голем број само надвиснале над вас, а вие си поставувате само едно прашање. Има ли сето ова крај, дали некогаш ќе заврши, дали и јас некогаш ќе бидам среќна?

А, дали некогаш сте се запрашале каде е проблемот и каде застанала вашата среќа? Сигурно не. Време е да го направите првиот чекор и да превземете нешто, да го создадете патот на срќата, за таа полесно да стаса до вас. Избегнувањето на проблемите во никој случај нема да доведе до нивно решавање. Размислете за вашите проблеми, што е она што ве измачува и како би можеле да ги решите. Стариот и добар начин може многу да ви помогне. Земете голем лист бел хартија и пенкало.  Од страните на листот испишете ги вашите проблеми, во средина на листот напишете го вашето име. Од едната страна напишете ги вашите квалитети таленти и се она за што сте способни. Од другата страна запишете ги оние работи кои се приоритет и кои треба да се завршат, а сте ги оставиле недовршени.

Размислете кои се оние проблеми кои што треба да направите да не влијаат на вас и вашето секојдневно функционирање, односно проблеми кои никако не смеат психички да ве упропастат и доведат до депресија, замислете дека имате копче и со стискање на копчето ги неутрализирате. Разгледајте ги вашите способности и таленти и поврзете ги со останатите проблеми и незавршените работи. Кој, каде и како би ви помогнал. Земете длабоко воздух, направете редослед и почнете да дејствувате.

А, листот залепете го негде над вашата глава, да биде првото нешто што ќе го видите кога ќе се рабудите. Да биде ваш потсетник. Девојки, убавината доаѓа одвнатре. Превземете мерки и бидете срќни и вистински убави !

Advertisement