Сигнали за болест на срцето

srceМожеби не сте знаеле, а и не сте обратиле  некое посебно внимание, но болното срце дава свои сигнали. Доколку забележите некој од нив немојте да ги занемарувате, веднаш  обратете се кај вашиот лекар.

Еве некои алармантни сигнали за болест на срцето. Чувствувате болка во градите која постепено ја зафаќа левата рака или вилицата. Срцето почнува да ви чука забрзано без посебна причина или чука неизедначено. Имате голема задишаност при напор, пример при качување по скали. Отекувањето на нозете или на колената може да биде знак на замор на срцевиот мускул.

Грч во листовите на ногата при движење е знак дека доаѓа до зачепување на артериите. Болна, подбелена и студена нога е знак дека веднаш морате на лекар, можеби се работи за артерија која штотуку се зачепила.

Advertisement