Дали некогаш сте се запрашале, дали знаете се за оргазмот? Сигурни сме дека знаете дека оргазмот е врвот на сексуалното задоволство.

Но, дали знаете колку калории се согоруваат со еден оргазам и зошто е тој добар и за машките и за женските. Прочитајте  шест работи кои не сте ги знаеле за оргазмот.

1. МАШКИ И ЖЕНСКИ ОРГАЗАМ

Научниците откриле дека чувството на оргазам кај машките е исто како и кај женските. Постојат неколку разлики како Г- точката и временските разлики, меѓутоа главниот момент на задоволство е многу сличен.

2. ВРЕМЕ

Во просек на еден маж му требаат од една до десет минути за да доживее оргазам, додека на жените им се потребни скоро 20 минути за ова задоволство. Машкиот оргазам трае четири секунди, додека женскиот може да трае и до 15 секунди.

3. БОЛКА

Оргазмот и болката влијаат на истиот дел од мозокот, што е главната причина зошто некои луѓе изгледаат како да ги боли кога доживуваат оргазам. Тоа исто така, значи дека човек не може да почувствува болка кога доживува оргазам.

4. СЕКС ВО СОН

Многу е можно да доживеете секс во сонот и без некоја физичка стимулација. Причина за тоа најчесто се менталните стимулации, па поради тоа човек не се разбудува веднаш по секс во сонот.

5. КАЛОРИИ

Оргазмот може да согори само три калории. Околу 50 калории се трошат во предигра, а 25 калории на саат се трошат во бакнување, што значи тоа е добра вежба и забава.

6. ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИЦИИ

Медицински е докажано дека оргазмот го подобрува имуниот систем и ги намалува шансите за срцеви болести и рак.

 

Advertisement