
Ленот е едногодишна или двегодишна зелјеста билка. Неговиот корен е краток, слабо разгранет и вретенест. Стеблата истотака се поединечни и тенки. Листовите на ленот се нисколанцентни или линеарни, додека цветовите се собрани на врв на стеблото, често поединечни на долги дршки. Тој цвета од јуни до август, а неговиот плод е топчеста чаура со десет темни семиња. Ленот расте најчесто во планинските региони и на ливадите. За индустиски потреби се користи култивирана билка.
Од него најчесто се употребуваат семето и маслото. Семето од ленот е лаксатив и аналгетик, додека од друга страна, ленот преставува одлично средство за празнење на цревата и перисталтика токму поради содржината на слузести материи и целулоза.
Тој ги штити нервните завршетоци во цревата од разорување, па истотака се користи и како против воспалително средство кај гастртис и ентероколитис. Ленот ја смирува болка, ја намалува апсорпцијата на токсини и ја забрзува регенерацијата на слузокожата. Тој надворешно се користи за лекување на фуринкулите,чиревината и кожата. Семето од лен го чува и срцето.