Дали и вие сте од оние девојки кои секогш  избегнуваат и не сакаат да зборуваат на оваа тема. Ви станува непријатно и поцрвенувате од срам.

Вашите сексуални фантазии, мислите и искуствата не сакате да ги споделите со вашите најблиски пријателки, а  ниту пак со вашиот партнер.

Секогаш ги избегнувате сите разговори  на  оваа тема. Едноставно се плашите од тоа – што ли тие ќе си помислат за вас?

Честопати ви се јавуваат валкани мисли и фантазии во главата, за кои ниту за момент не сте помислиле да му ги кажете на вашиот партнер.  Затоа треба да се ослободите од стегнатоста и срамот. Сексот е игра која нема граници и правила. Таму и она недозволеното е дозволено. На оваа тема треба секогаш да се дебатира, на тој начин ќе дојдете до одредени информации кои може не сте ги знаеле, а кои во иднина ќе ви послужат многу.

Затоа поразговарајте со вашите пријателки и споделете ги вашите замисли, фантазии и искуства. Разговарајте за се она за кое се уште немате оформено сопствен став . И сами ќе почуствувате дека во текот на разговорот вашето ниво на самодоверба ќе се  зголеми. Следниот чекор направете го така што вашите сексуални фантазии ќе му ги кажете на вашиот партнер . Не срамете се и сами ќе забележите дека кај партнерот ќе се зголеми желбата за секс , а тој максимално ќе се потруди да ги исполни сите ваши желби. Ослободете се од стегнатоста и срамот и едноставно препуштете му се на задоволството без граници.