Кај народот постои сфаќање и убедување дека штом парадентозата еднаш ќе се појави повеќе нема спас.
Таа најчесто се јавува кај пациенти кои имаат ортодонтска тешкоба (збиени или искривени заби, недоизникнати заби, лоши протетски изработки, дијабетес, пушачи, пациенти со лоши навики (гризење разни предмети, моливи, нокти … или отежната хигиена во устата) Сепак модерната стоматологија не се сложува со тој концепт на размислување.
За да се открие парадентозата навреме правени се многу испитувања, експерименти и денеска со успех во лекувањето можат да се пофалат многу пациенти. Ако парадентозата е дијагностицирана уште во почетен стадиум истата може да се стопира и со добра нега и контрола од стоматолог. Терапијата првенствено се состои во редовно миење на забите како основа на оралната хигиена, користење на специјални пасти и четки за заби, редовно чистење на забен камен и субгингивални конкременти и тоа барем два пати годишно.
Најчести симптоми на ова опасно забно заболување се воспаление на непцето, црвенило и оток на непцето кое лесно крвари за време на јадење и при контакт со четка за заби. Болката обично не е присутна. Може да се забележи одвојување на непцето од површината на забите.
До нашата редакција стигнаа бројни писма од пациенти кои испробале лек со кој можат да се пофалат дека е многу ефикасен. Лекот се состои од маслиново масло – екстра вергин. Се става во една лажица и се прави гаргара неколку денови. Не можете да замислите колку овој лесен, но ефикасен лек влијае на ова забно заболување.