Пушењето ги разорува белите дробови – колку се штетни и опасни цигарите?

Пушењето е една од најредовните „активности“ на луѓето. Ретки се луѓето кои во денешно време не пушат или кои немаат пушачи во нивната околина. Постојат активни пушачи, а тоа се тие што секогаш ја држат цигарата во уста или пушат од една до три кутии дневно, но има и пасивни пушачи, а тоа се тие кои не пушат, но затоа во околината во која што седат,  сите околу нив пушат.

cigari

Многупати досега е разговарано на темата за штетноста од цигарите и никотинот кој го содржат. Колку лошо влијае на белите дробови и колку е опасна зависноста од цигарите. Меѓутоа за дел од луѓето, тоа се празни муабети, кои иако се запознаени со опасноста од пушењето, не реагираат, додека дел се трудат да ги откажат.

Еве во кратки црти што содржат цигарите:

Освен никотин во чадот од цигарите се наоѓаат и повеќе од 4000 други хемикалии, од кои голем борј се канцерогени. Некои од нив се познати отрови.

 Никотин – дрога која се смета за најбрзa од сите симптоми кои предизвикуваат зависност. Со вдишувањето на  чадот од цигарите, никотинот се апсорбира во крвта и многу брзо започнува да делува. Започнува забрзана срцева фрекфенција и зголемен крвен притисок.

Амонијак – се наоѓа и во производите за чистење на санитарни јазли

–  Ацетон – се наоѓа во средствата за отстранување на лак.

Кадмиум – токсичен метал кој се наоѓа и во батериите.

Винилхлорид – се користи за производство на ПВЦ.

Нафталин – се користи во топки против молци

Јаглерод моноксид – токсичен гас кој е смртоносен во високи концентрации. Во мали количества, на пример во тутунот, го спречува дишењето.

Катран – кафеава супстанца која предизвикува дамки на прстите и забите. Се таложи во белите дробови.

Advertisement