Праската го продолжува животот!

praska 2Во денешно време со развојот на науката е веќе докажано дека овие плодови имаат благотворно влијание врз човечкиот организам. Праските го продолжуваат  човечкиот живот – тоа е верување на Кинезите. Праските содржат многу витамини и минерали, но содржината на калиум е причината Кинезите да веруваат во чудесната сила.

Во месото на праската има целулоза, која претставува 1,4 % од нејзината тежина, натопена со сок, т.е. со вода со стопен шеќер, мало количество на јаглени хидрати, шеќер 0,5%, потоа белковини и малку масти. А исто така, 100 грама месо од праската даваат 52 калории.

praskiПраските го подобруваат видот, бидејќи во себе содржат  изомери на каротинот, кој го има во темно зелените и темножолтите зеленчуци и овошје. Во организмот се претвара во витамин А. Овој бета-каротин помага за одржување на функциите на организмот, а  го подобрува и видот, но , не помага за надминување на аномалиите на окото. Праските имаат благотворно влијание врз стомачните пореметувања.

Праските содржат влакна, кои се важни за функционирањето на телото. Тие  помагаат за отстранување на отпадните материи од телото и не штитат од рак на дебелото црево. Прочистувањето на цревата преку потрошувачката на праски доведува до отстранување на штетните материи од телото. Дополнителна корист од тоа е намалување на нивото на холестерол.

Advertisement