Поучна приказна: Со попуштање, никогаш нема да ја постигнете целта

so popust ne se postignuva cel

Не им дозволувајте на другите да ве злоупотребуваат и да ја постигнат својата цел со помош на викотници, плачење или со таканаречените срцеви напади. Таквите луѓе се диктатори што се обидуваат да ве претворат во робови и да ве наведат да работите по нивни барања.

Бидете љубезни, но цврсти, одбивајте да им се покорите. Со попуштање никогаш нема дастигнете до победа. Не давајте свој придонес кон нивните престапи, кон нивната себичност и посесивност. Запаметете, го правите она што е исправно. Човекот постои за да го исполни својот идеал, и притоа да остане верен на вечните вистини на животот и на духовните доблести.

Не дозволувајте никому на светов да ве одврати од целта што сте ја поставиле пред себе, од стремежите кон кои сте се устремиле, а што ќе треба да ги искажат вашите скриени таленти, да го унапредат човештвото и да откријат уште еден зрак од универзалната мудрост, вистина и убавина. Останете верни на својот идеал. Знајте дека се и апсолутно се што придонесува за вашиот мир, спокојство , среќа и здравје нужно преставува придонес за благодатта на целото човештво. Хармонијата на еден дел од целоста е еднаква на хармонијата на целоста, зошто целоста се состои од делови, а делот влегува во состав на целоста. На својот ближен му должите само љубов, а љубовта е исполнување на законитоста на здравјето, среќата и спокојството.

Извадок од книгата „ Моќта на потсвеста“

Advertisement