Поучна приказна: Се ми оди одлично!

Клемент Стоун, индустријалец и широкоград човек од Чикаго, својата животна кариера ја почнал продавајки весници во јужниот дел на Чикаго. Со цврста волја и позитивно мислење истиот тој човек денес е еден од најуспешните трговци во државата. Парите почнале речиси сами да му доаѓаат, но тој не бил скржав и голем дел од својата заработка ја донирал за сиромашните деца, за рехабилитации на затворениците, за лекување душевно болни, за зајакнување на црквата и за развивање на науката и уметноста. Покојниот д-р Арно Мартс, основачот на една од најголемите американски доброволни фондови, за поранешниот продавач на весници ги има кажано следните зборови„Клем Стоун е најдарежливиот човек што воопшто сум го запознал“.

Понекогаш се случува господинот Стоун да даде многу повеќе отколку што е доволно и со тоа ја доведува во опасност сопствената каса, па, како и сите деловни луѓе , и тој доживува падови и издигнување на финански план. Но, тој секогаш се враќа бидејќи е човек- повратник.

Ниту еднаш, во текот на сите тие промени во неговиот личен и деловен живот не сум забележал да дојде до намалување на полетот или до исчезнување на ведриот израз од неговото лице. Кога и да му се јавев и да го прашав како е и како му оди работата, неговиот сигурен глас ми одговараше: „Одлично, совршено одлично“! Дали се работи за храброст или за апсолутно непризнавање на маката? Никако. Тој човек има поминато низ многу бури. Тој многу добро знае како изгледа маката. Интересно е да се спомне и разликата меѓу господинот Стоун и некои други луѓе. Господинот Стоун го сака успехот заради задоволството од чинот на успех и надминување на тешкотиите. За него, парите се само средство со кое ќе прави добри дела, ќе го подобрува животот и ќе ги потикнува другите луѓе да ја разбудат силата што ја имаат во себе. Неговата полетност е изразена низ желбата да им помага на луѓето во борбата со проблемите да ги изнесе на прав пат.

Сосема е логичен неговиот одговор, кој го користи и во добри и лоши ситуации – одлично, одлично. Тој успеал да ја задржи полетноста уште од детството, кога, како мал палавко, продавал весници по улиците, па се до денешни денови, прескокнувајќи на сите пречки што му застанувале на патот. Неговиот метод, како што сфатив, е во постојано барање на добрите страни меѓу предметите, лугето и случувањата што се дел од неговиот живот. Тој верува дека во секоја неприлика постојат позитивни страни. Со овој ладен и здраворазумски став, господинот Стоун ги има постигнато сите победи во својата животна кариера.

Извадок од книгата „ Моќта на позитивното мислење “
 

Advertisement