Вие како родители имате посебна должност кај вашето дете да развивате чувство за сигурност и доверба во неговите сопствени способности. Ако кај вашето дете успеете да постигнете тоа да се чувствува сигурно во себе, тогаш сте постигнале тоа да биде поуспешно во училиште, да создаде подобри односи со другите и станува поподготвено да се испроба на различни полиња. Воопштено, може да се каже дека таквото дете е поспособно да се носи со различните животни искуства.

Но, што кога кај вашето дете не се изгради доверба во сопствените способности и е несигурно во себе? Тогаш, веројатноста во адолесценцијата да стане деликвент станува висока, како што е исто така висока веројатноста да посегне по дрога, да има пониски резултати во учењето, да развие депресија, да има проблеми со исхраната (анорексија и булимија), и да покажува склоност кон самоубиство.
Како кај вашето дете да му ја развиете сигурноста и чувството на доверба во неговите способности?
Одговорите се сосема едноставни: Најпрво треба да му покажете дека го сакате. Тоа значи често да му кажувате„ те сакам“и да покажете радост кога ќе го видите. Гушнете го, смејте се со него, пејте. Покажете му дека го сакате независно што и да се случило. Минувајте со него време во активности кои ги сака. Покажете му дека го разбирате и почитувате. Потоа треба да му ја осигурате сигурноста. Тоа значи кај него да развиете чувство на припадност, да му поставите јасни граници и правила кои соодвествуваат на неговата возраст. Бидете доследни и одржувајте ги ветувањата. Дозволете му на детето да ги почувствува последиците на своето однесување.
Трето што треба да направите е да му овозможите добро да се чувствува. Тоа значи да верувате во него, да слушате што ви говори, да му ги признаете успесите. Да му помогнете во животните тешкотии да гледа како на предизвици. Потикнувајте го да прави нешта кои го радуваат и потикнувајте го доброто однесување.
Во основа постојат шест важни животни пораки: верувам дека тоа го можеш, имам доверба во тебе, знам дека ќе се снајдеш во животните ситуации, те слушам, се грижам за тебе и многу си ми битен.
Терапија. Доколку сами не успевате кај детето да постигнете да се развие сигурност и самодоверба, побарајте стручна психолошка помош.

Психолошко советувалиште Тајна

Advertisement